Се проценува дека во 2021 година околу 5 милиони деца умреле пред да наполнат 5 години, покажуваат податоците кои ги објавија Обединетите нации. Последните проценки кои ги објави Меѓуагенциската група за проценки на смртноста кај децата на ОН покажаа и дека 2,1 милиони деца и млади на возраст од 5 до 24 години го изгубиле својот живот во истиот период, што значи дека некое дете или млад човек умирале секои 4,4 секунди.
Посебниот извештај на ОН, IGME исто така објавен минатата недела, покажа дека 1,9 милиони бебиња миле мртвородени во 2021 година. Многу од смртните случаи би можеле да се избегнат ако се воела подобра грижа за здравјето, се вели во извештајот.
Иако многу работи се подобрени од 2000 година досега, при што глобалната стапка на смртност е намалена за 50%, стапката на смртност кај постарите деца и младите се намалила за 36%, а стапката на мртвородени деца се намалила за 35%, од 2010 година досега има многу мал глобален напредок.
Извештајот IGME предупредува дека речиси 59 милиони деца и млади ќе умрат пред 2030 година ако не се преземат брзи мерки за да се подобрат здравствените услуги. Извештајот покажал и ека и покрај тоа што 29% од живородените деца се од Супсахарска Африка, дури 56% од сите починати деца помали од пет години се од тој регион, каде што има најголем ризик од смртност кај децата.
(Anews)
(фото: Pikist)