Израелски истражувачи направија 3Д „мастило“ за печатење дрвени предмети

- Advertisement -

Израелци успеаја да развијат „мастило“ за 3Д печатење на дрвени предмети. Направено е од мешавина од брашно од дрво и екстракти од растенија, а може да се користи за печатење какви било форми.

Иновацијата беше направена од страна на истражувачи од Универзитетот на Ерусалим. Дорон Кам, студент кој работел на проектот, и неговите колеги ја создале технологијата пред неколку години. Сепак, дури неодамна откриле дека со контролирање на начинот на поставување на мастилото можат да мерат за колку време испарува течноста од него и на тој начин можат да печатат и многу сложени форми.

- Advertisement -

Тоа значи дека, на некој начин, оваа иновација овозможува 3Д печатење на предмети од дрво. Научниците досега го тестирале материјалот за да направат седло, полутопка и ДНК низа, но веруваат дека ако продолжат да работат на него, ќе можат да го користат за производство на делови за мебел.

Нивната технологија ги претвора органските производи добиени од дрво во еден вид на паста и потоа таа се става во 3Д принтер. Како што вели Дорон Кам, пастата се оформува во саканиот облик додека се суши.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека кога се работи со дрво постои проблемот на извртување на дрвото, а токму таа особина на дрвото решиле да ја искористат за да ги добијат посакуваните форми. За да се добие пастата, односно органскиот материјал прво се прави т.н. брашно од дрво, а потоа се меша со две други органски состојки.

Материјалот потоа се става во 3Д принтер, кој прави рамен, 2Д предмет. Клеточната структура на дрвото влијае потоа на формата на предметот и се деформира, односно формира како што се суши. Со оваанова техника истражувачите можат да ја контролираат клеточната структура и да го добијат посакуваниот резултат кога материјалот се ќе исуши и изврти.

- Advertisement -

„Сакаме да направиме материјал кој нема да трае вечно. За тоа постои пластиката. Ние не го сакаме тоа. После три-четири години употреба предметите направени на овој начин ќе може да се сомелат и пак материјалот да се искористи за печатење нешто друго. Тоа е нашиот производ, тоа е нашиот принцип“ вели Кам.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -