ВИДЕО: Wilson направи револуционерна топка за кошарка

- Advertisement -

На All Star викендот во САД, кој се случи пред една недела, беше претставена револуционерната кошаркарска топка 3D Airless Prototype Basketball на компанијата Wilson. Оваа иновација не е само првата топка направена со 3Д принтер, туку е безводушна топка со мрежест дизајн која е направена од посебен вид на полимер обложен со црна боја.

Тимот на Wilson прво дизајнирал топка преку CAD системот и тој дизајн го снимил како датотека за 3Д печатење. За самото печатење била задолжена компанијата EOS, која соработува со компаниии од аеронаутичката, автомобислката и медицинската индустрија. Посебно е интересен начинот на кој е испечатена топката. Имено, при печатењето не се користел класичниот метод на поставување слоеви еден врз друг, туку принтерите EOS користат друга метода на ставање прашина од смола која ја топат на проектирани точки со ласер, додека конелната обработка се состои од затворање на правот, боење на белата топка во црно и се разбира, врежување на логотипот на НБА лигата и на Wilson на нејзината површина.

- Advertisement -

Ригорозните тестирања покажале дека безвоздушната топка на Wilson има речиси иста големина, тежина и отскок како и официјалната топк со која се игра во НБА, ни нема да мора да ја пумпате и ќе трае подолго.

Сепак, оваа топка нема наскоро да се најде на кошаркарските терени. Во официјалното соопштение на Wilson се вели дека НБА моментално нема намера да ја замени офоцијалната Wilson топка со 3Д печатената.

- Advertisement -

(Gizmodo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -