Никола од Howitzer, кој лани доби половина милион долари инвестиција, лансира револуционерна алатка за LinkedIn маркетинг!

- Advertisement -

Никола Велковски, заедно со Стефан Котевски и Томислав Јуруковски пред година ипол станаа познати на македонската јавност како тројцата студенти кои добија половина милион долари инвестиција за развој на нивната алатка за директен маркетинг на Reddit, Howitzer. Во меѓувреме нивниот тим порасна неколкукратно, а деновиве го лансираа и најновиот продукт, HeyReach револуционерна алатка за директен маркетинг за LinkedIn, наменета за маркетинг, продажни и HR агенции.

Никола, во интервју за Иновативност ги споделува очекувањата од новата алатка и плановите со својот тим да се естаблираат како GoTo бренд кога станува збор за outreach и outbound маркетинг.

- Advertisement -

Новинар – Сања Наумовска

Никола, кажи ни нешто повеќе за вашиот нов продукт – HeyReach.

- Advertisement -

HeyReach е најновиот продукт на тимот на Howitzer кој се развиваше последните шест месеци. Тој претставува револуционерна алатка во доменот на LinkedIn, и претставува алатката која ќе одново ќе го измисли целиот процес на директен маркетинг (outreach) што досега бил познат.

Идејата дојде откако увидовме огромна празнина на пазарот. LinkedIn е најкористената B2B социјална мрежа, со повеќе од 900 милиони активни корисници. На пазарот постојат повеќе од 400 маркетинг алатки за LinkedIn, од кои само десетина се релевантни и навистина добро си ја работат својата работа. Меѓутоа, има една огромна празнина. Маркетинг, продажните и HR агенциите, немаат релевантен начин како да го автоматизираат и скалираат нивниот LinkedIn outreach.

- Advertisement -

Сите овие 400+ алатки функционираат одлично, меѓутоа само за индивидуални корисници. Ниту една LinkedIn алатка во светот не ја нуди опцијата да поврзете повеќе LinkedIn профили и да ги синхронизирате на една кампања, што всушност е начинот на кој работат поголемите маркетинг, продажни и HR агенции. Во светот постојат десетици милиони навистина големи агенции, како што е SoPro на македонскиот пазар, и ниту една алатка до сега не успеала успешно да го реши проблемот на безбедно и неограничено скалирање на процесот LinkedIn outreach.

Затоа и го креиравме HeyReach. HeyReach за прв пат го естаблира концептот на multi-account outreach, (директен маркетинг од повеќе LinkedIn профили кои работат синхронизирано), кој им овозможува на агенциите да поврзат неограничен број на LinkedIn акаунти на единечна кампања и да стартуваат неограничен број на кампањи во исто време.

Дополнително, покрај автоматизирање на LinkedIn outreach, HeyReach го нуди најсупериорниот LinkedIn search на пазарот, дури подобар и оној кој самиот LinkedIn го нуди. LinkedIn и останатите алатки за него, овозможуваат екстрахирање само на 1.000 луѓе при едно LinkedIn пребарување. HeyReach, го скалира целиот процес со додавање на повеќе LinkedIn профили на една search кампања и екстрахирање на неограничен број на корисници.

Пример, доколку поврзете пет LinkedIn профили на една search кампања, потенцијалот од 1000 екстрахирани резултати од LinkedIn, ќе помине на нешто помалку од 5000 екстрахирани уникатни резултати (4%-10% статистичко преклопување помеѓу резултатите на сите поврзани профили), правејќи го најсупериорниот LinkedIn search на пазарот.

За кого е наменета новата алатка, имате ли фидбек од досегашното користење, што велат клиентите?

HeyReach е наменет за маркетинг, продажни и HR агенции. Алатката беше лансирана минатата недела, во private beta mode, и за помалку од една недела добивме 80 конектирани профили, што е неверојатен успех за ваков тип на алатка за толку кратко време. Нашите идеални KPI цели беа 150 конектирани профили за 30 дена, а веќе остваривме повеќе од половина за една недела, без да ја лансираме алатката на поголем волумен. Деновиве планираме и јавно да ја лансираме бета верзијата, а веќе за две недели од сега, да излеземе од бета и да продолжиме со нормални продажби. Досегашните корисници ни дадоа многу позитивен фидбек кој премногу ги надмина очекувањата и дадоа сугестии за нови функционалности. Тимот е навистина возбуден за проектот што го работиме, и навистина мислиме дека HeyReach ќе биде точката на пресврт на пазарот.

Кој беше мотивот да работите на ваков проект, зошто баш за LinkedIn?

Howitzer никогаш немаше цел да биде само маркетинг алатка за Reddit, тоа беше само нашиот старт. Од самиот почеток нашата визија беше да направиме маркетинг алатка која ги интегрира најпознатите tech-savvy социјални мрежи, и логично – LinkedIn беше наредниот чекор. Започнавме да разгледуваме како може да го интегрираме LinkedIn во нашата визија, разговаравме со потенцијални корисници и тестиравме можеби повеќе од 30-40 LinkedIn алатки. Бевме навистина зачудени откако увидовме дека не постои решение кое овозможува скалирање на LinkedIn процесот.

Увидовме како поголемите агенции мануелно го работат целиот LinkedIn outreach и вработуваат луѓе кои рачно екстрахираат податоци од Sales Navigator, ги ставаат во Excel и потоа мануелно праќаат пораки од нивните профили. Започнавме да ја валидираме идејата и секогаш кога ќе го претставевме концептот на некоја агенција добивавме ‘Wow’ реакција и прашање дали е тоа возможно и дали постои. Затоа и решивме да направиме да биде возможно и да постои.

LinkedIn како социјална мрежа е многу “порасположена” кон интеграции и автоматизации од Reddit на пример, и веќе outreach моментот е многу поразработен. Со Reddit маркетинг алатката ние го креиравме пазарот, не постоеше ниту еден единствен конкурент и така остана до ден денес. Reddit како платформа е премногу тешка за автоматизација, бидејќи никогаш не била замислена како B2B платформа на која ќе се вршат директни продажби преку пораки. Ние моравме да го креираме целиот маркет, да ги едуцираме корисниците што е тоа Reddit, зошто Reddit е релевантна како социјална мрежа која може да се искористи за outreach, кој е потенцијалот на Reddit, и дури тогаш да им продаваме алатка која ќе го автоматизира тој outreach. Со LinkedIn е многу полесно. Пазарот веќе постои и е преголем, огромен број на агенции имаат сериозна потреба од истото, и нема потреба ние да ги едуцираме зошто LinkedIn е релевантен за нив, и како multi-account outreach ќе им овозможи безбедно да скалираат.

Пред две години добивте 500,000 долари инвестиција за вашата маркетинг алатка Howitzer наменета за Reddit. Какви резултати покажува нејзиното користење?

Reddit алатката е самоодржлива и е планирано да ја интегрираме во HeyReach во иднина, но за ова ќе разговараме друг пат.

Некои од најголемите достигнувања на Reddit алатката:

– #1 Product of the Day на ProductHunt, каде беше рангирана над самата апликација на Reddit по популарност; прво место Howitzer, второ Reddit

– направи бум во периодот на crypto и NFTs, каде имавме клиенти кои плаќаа од четири до шест илјади долари месечно

– два отсто од сите пораки на Reddit се испратени од страна на Howitzer

До денес никој не успеа да го ископира messaging системот. Постојано добиваме понуди од фирми да го откупат, а најголемата досегашна понуда ни е 400,000 евра.

Како напредуваше вашиот тим од тогаш? Како вие, како млади луѓе гледате на оваа индустрија кај нас, какви се условите за развој и перспективите за младите?

Од тогаш до сега, скалиравме од тројца до тим од 12, а за некој ден и 14 луѓе, сите со синхронизирана визија да ја измениме outreach играта, и да се естаблираме како GoTo бренд кога станува збор за outreach и outbound маркетинг. Пазарот е многу поповолен кога станува збор за наоѓање на технички лица и програмери, меѓутоа е навистина неповолен кога станува збор за наоѓање на луѓе за маркетинг. Најверојатно тоа е поради фактот што во Македонија нема доволно product-oriented стартапи, а маркетирање на продукт и услуга се целосно различни нешта, што значи  немало како да се развие таков кадар. Веројатно ние ќе треба да бидеме едни од пионерите во делот на креирање на првата постава на маркетинг луѓе кои оперираат во product-based стартапи.

Од друга страна пак, имам забележано дека се’ повеќе и повеќе од младите се интересираат за работа во стартап или започнување на стартап, споредено со екосистемот пред две години, што навистина ме радува.

Вашиот фокус досега беше насочен кон Reddit, а сега и кон LinkedIn. Размислувате ли да креирате алатки и за други слични платформи и социјални мрежи?

Секако. Целта на Howitzer е да стане една интегрирана platform outreach алатка, но за ова повеќе во некоја наредна прилика.

Во иднина планираме скалирање на HeyReach до enterprise алатка која ги нуди сите функционалности за outreach, комплетно out-of-the-box, имплементација на сите функционалности од roadmap и експанзија на останатите социјални мрежи, со цел да се овозможи и начин на стартапите, претприемачите и малите компании да ги најдат своите иницијални корисници на евтин и ефикасен начин.

Иако во моментот Howitzer со HeyReach иновира во секторот на агенции и enterprise бизниси, не ги забораваме стартапите. Отсекогаш сум сакал да работам со стартапи, да креирам маркетинг алатки за стартапи и да продавам на стартапи. Никој не иновира во овој сектор, никој не сака да продава на стартапи и сите го избегнуваат секторот бидејќи сметаат дека не е доволно профитабилен (што можеби е и така), меѓутоа трендот на креирање на стартапи е огромен, sales cycle при продавање на стартапи е многу пократок, и многу е полесно да се продаде на истите.

Од друга страна пак – тука ми е и личниот момент: чувството да се биде на видео повик со некој млад претприемач на другата страна од светот, кој има идеја за свој стартап, кој е во почетна фаза и се труди исто како и вие некогаш и да видите колку е пресреќен што заработува и го скалира својот бизнис баш поради тоа што вие сте креирале алатка која нему му го овозможува тоа – е навистина непроценливо. Startups are the future 🚀.

Сподели!
- Advertisement -