Две од најзвучните имиња на полето луксузни автомобили и недвижности ги здружија силите во досега несекојдневна соработка. BUGATTI во партнерство со BinGhatti претставија нешто што светот досега го нема видено.
Двата луксузни брендови заедно ќе градат облакодер во срцето на Дубаи. 42-катницата ќе биде многу луксузна и ќе биде наменета за најбогатите клиенти од целиот свет.
Bugatti, компанија која постои од 1909 година и прави само луксузни автомобили, а е креатори и на некои од најбрзите автомобили во светот. Binghatti е компанија од Дубаи која тргува со недвижности и е позната по модерната архитектура.
Кулата Bugatti Residences ќе има 171 апартмани и 11 пентхауси, сите со уникатен ентериер и архитектура. Ова е првата кула на Bugatti и ќе вклучува некои неосекојдневни понуди како што е плажа инспирирана од ривиерата, приватни базени, џакузи спа, приватен батлер и приватни клубови за членови итн.
Највозбудливо од се е тоа што 42-катницата ќе има два лифтови во кои жителите ќе се качуваат сосе автомобил и ќе се возат до својот апартман, каде што и ќе се паркираат.
Двата брендови во изјава открија дека инспирацијата ја добиле од Француската ривиера, која е позната туристичка атракција со скапи плажи и секакви луксузи.
Извршниот директор на Bugatti Rimac, Мате Римац, изјави дека судбина било двете компании да се спојат затоа што делат една иста визија за тоа како треба да изгледа кулата на Bugatti. „Мухамад Бингати е голем љубител на автомобилскиот луксуз и дизајн и има талент за креирање уникатни конструкции, Со ова партнерство ќе останеме доследни на зборовите на Еторе Бугати: „Ако има со што да се спореди, тоа не е Bugatti“ вели Римац.
Мухамад Бингати рече: „Кога ќе ја отвориш вратата на Bugatti и ќе седнше внатре, веднаш знаеш дека е исклучителен, нешто што не е споредливо со ништо друго. Само мал број луѓе имаат прилика да го искусат тоа. Со Bugatti Residences ние сакавме тоа чувство да го пренесеме и во една екслузивна зграда во срцето на метрополата“.
Проектот заедно го претставија Мате Римац и извршниот директор на Binghatti во Coca-Cola арената во Дубаи на 24 мај годинава.
(Interesting Engineering)
(фото: Bugatti)