Нови цени на горивата

- Advertisement -

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат во просек за 2,09 отсто, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, а на мазутот за 0,922 денари за килограм.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 81,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 83,50 денари, дизелот ќе биде 70,50 денари, а екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) 69 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС ќе изнесува 40,526 денари за килограм.

- Advertisement -

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,803 отсто, кај дизелот за 2,996 кај екстра лесното масло за 2,977 и кај мазутот зголемувањето е за 2,913 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,122 отсто.

Сподели!
- Advertisement -