Кои се најплатени професии во Македонија?

- Advertisement -

Државниот завод за статистика (ДЗС) ги објави највисоки просечни нето плати кои биле исплатени во мај во Македонија.

Во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности биле исплатени највисоките нето плати во износ од 93.536 денари.

- Advertisement -

Потоа на списокот следат Останати стручни, научни и технички дејности со 58.834 денари, па Финаниски услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови со 56.217 денари.

На четвртата позиција се наоѓа Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со 55.734 денари и Маркетинг и истражување на пазрот со 53.114 денари.

- Advertisement -

Претходно од Владата соопштија дека просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36.465 денари.

Фото – Online stock

Сподели!
- Advertisement -