Зошто се случи остар пад на вредноста на биткоин денес?

- Advertisement -

Биткоинот падна за околу осум отсто за еден час тргување во четвртокот попладне во САД, продолжувајќи ја низата на губитоци што ги промени поголемиот дел од добивките на криптовалутите од јуни. Цената на биткоинот накратко падна на 25.409 долари, според податоците на CoinMarketCap, пред делумно да закрепне.

Цената на биткоинот е намалена за 15 отсто од највисокото ниво од 31.814 долари во јули, што го одразува неодамнешниот пад на акциите, обврзниците и другите финансиски средства, пишува Financial Times. Распродажбата на биткоинот се совпадна со извештајот на WSJ дека SpaseX на Илон Маск ги продал своите 373 милиони долари во криптовалути.

- Advertisement -

Трговците со дигитални средства внимателно го следат Маск од 2021 година, кога неговата компанија за електрични возила Тесла накратко прифати плаќања во криптовалути. Биткоинот се зголеми за 15 проценти во еден ден кога Маск објави дека прифаќа криптовалути, во февруари истата година.

Биткоинот забележа остар пад на вредноста кога Маск ги напушти плановите три месеци подоцна. 

- Advertisement -

Целиот текст на Денар.мк

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -