„Барби“ официјално стана филм со најголема заработка во историјата на Warner Bros

- Advertisement -

Филмското студио Warner Bros неодамна соопшти дека филмот “Barbie” ја надминал границата од 1,34 милијарди долари на глобалниот „бокс офис“, со што официјално стана филм со најголема заработка во историјата на студиото. Претходно, таквата титулата ја носеше “Harry Potter and the Deathly Hallows—Part 2”, кој премиерно беше прикажан во 2011 година.

Според „Холивуд репортер“, филмот за популарната кукла е на пат да стане и филмот со најголема заработка оваа година, претекнувајќи го “Super Mario Bros” на Universal Pictures кој досега забележал приходи од 1.36 милијарди долари.

- Advertisement -

Всушност, доколку се случи тоа, филмот со Маргот Роби и Рајан Гослинг ќе се искачи на 15-то место на листата на филмови со најголема заработка во историјата.

Според коизвршните директори на Warner Bros Motion Picture Group, Мајкл Де Лука и Пем Абди, успехот на филмот е „потсетник на моќта на филмските гледачи“ ширум светот во прославата на „иконичен лик кој што нѐ забавувал толку многу децении“.

- Advertisement -

Maркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -