Нова германска инвестиција од 65 милиони евра во Македонија

- Advertisement -

Германската компанија БМЗ ќе произведува батерии во Македонија. Договорот за инвестицијата од 65 милиони евра за 10 години беше потпишан денеска (4.09) во седиштето на компанијата во Карлштајн, Германија.

Фабриката на германската компанија БМЗ во Македонија ќе биде сместена во технолошко индустриската зона Скопје 2, а во неа ќе бидат вработени 775 луѓе. Изградбата треба да започне кон крајот на оваа година и да заврши најдоцна за 24 месеци. Но, со производство ќе се почне веќе за околу еден месец, за што компанијата веќе има најдено хала и има вработено околу 15 локални работници, вели за ДВ директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Работната сила е она што БМЗ го особено го цени: 

- Advertisement -

„Македонија има луѓе кои сакаат да работат и да ја развиваат и обликуваат иднината, а батериите се иднината“ – изјави за ДВ по потпишувањето на договорот за инвестицијата првиот човек на групацијата БМЗ, Свен Бауер, објаснувајќи ја одлуката за инвестирање во земјата. Тој додава дека земјата има добро образовани, високо квалификувани работници, за кои во Европа има недостиг. Освен тоа, целта на компанијата е да произведува што е можно поблиску до Германија, односно наместо на други континенти, да се произведува во Европа:

„Бележиме брз развој, 50% годишно, потребни ни се нови локации за фабрики. Целта ни е да ја користиме Европа како голема локација. Тука има многу ноу хау, луѓе кои може добро да составуваат батерии и тоа сакаме да го искористиме”, потенцира Бауер.

- Advertisement -

Според проекциите, просечната бруто плата на работниците во БМЗ во Македонија треба да изнесува околу 1.200 евра.

„Тоа зборува дека во компанијата го препознаваат и нашиот приоритет, а тоа да се обезбедат повисоки плати за нашите вработени. Годишниот извоз е проектиран на околу 350 милиони евра“, информира Деспотовски.

- Advertisement -

Целиот текст на Дојче Веле

Сподели!
- Advertisement -