Светскиот туризам годинава ќе направи промет од околу 1,5 трилиони долари

- Advertisement -

Околу 1,3 милијарди туристи во текот на 2023 година патувале по светот, а туристичката индустрија достигна приходи од околу 1,4 трилиони долари, со што заостанува за околу 1 трилион во споресба со предпандемиската 2019 година.

Како што покажуваат податоците и проценките на Светската туристичка организација UNWTO, таа бројка би можела да се достигне годинава. Новите податоци и проценки се од Светскиот туристички барометар, за што извести UNWTO, истакнувајќи дека светскиот туризам во 2023 година значително закрепнал во физичките и финансиските резултати.

- Advertisement -

Во достигнувањето на таа бројка годинава повторно најмногу се очекува од Европа, која според UNWTO, може да ги подгине резултатите со неколку битн настани. Притоа, ги издвојуваат Романија и Бугарија, затоа што во март би можеле да се приклучат во Шенген зоната, а Париз (па и цела Франција), затоа што ќе биде домаќин на Летните олимписки игри.

Се очекува и да закрепне патувањето од и во САД, како и дека силните изворни пазари во Европа, Америка, па и на Блискиот Исток да продолжат да ги поттикнуват туристичките текови и потрошувачката во светот, со зголемување на воздушната конекција и силното закрепнување на азиските пазари.

- Advertisement -

Според проценките на UNWTO, може да донесе раст од околу 2% во однос на 2019 година, односно дека резултатите ќе бидат далеку подобри отколку во 2023 година, и тоа ако продолжат геополитичките и другите предизвици, како постојаната инфлација, високите каматни стапки, нестабилните цени на нафтата, пореметувањата во трговијата, кои влијаат на трошоците за превоз и сместување во 2024 година.

Туристите во 2024 година ќе бараат поголема вредност за парте и ќе патуваат поблиску до домот.

- Advertisement -

Во Светскиот туристички барометар UNWTO ги означува Блискиот Исток, Европаи Африка како региони со најдобри резултати, при што Блискиот Исток е единствениот светски регион кој ќе ја надмине 2019 година за 22% во меѓународниот проток на туристи.

Европа и понатаму е најпосетена во светот, со над 50% од сите патувања, а во 2023 година достигна вкупно 94% од сите доаѓања на туристи од 2019 година, додека Африка има 96%. Америка е на 90% од меѓународните патувања на туристи во 2019 година, додека Азија и Пацификот заостануваат со 65%.

(SEEBiz.eu)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -