Водата на Земјата потекнува од древни вселенски карпи

- Advertisement -

Земјата и другите карпести планети од нашиот Сончев систем се производ на безбројни мали планетезимали, односно каменчиња од примордијална космичка прашина кои се насобрале пред повеќе од 4 милијарди години. Сега нова анлиза сугерира дека тие планетезимали веќе содржеле вода, пренесува порталот Science.

Научниците тестирале примероци од метеорити за кои велат дека се еднакво стари како и тие планетезимали. Притоа, пронашле знаци за хемиски реакции за кои се знае дека се случуваат во присуство на вода. Во тие примероци денес нема вода, но научниците уште можат да влезат во траг на водата која некогаш ја содржеле.

- Advertisement -

Со тек на време, ако водата е присутна во други елементи, атоми на кислород од молекулите на водата ќе се одвојат и ќе се спојат со тие елементи. Водата и железото, на пример, ќе произведат железен оксид. Тоа е материја која ја дава црвената боја на површината на Марс.

Меѓутоа, дури и тој железен оксид веќе одамна го нема во метеорите, но со исчезнувањето со себе би однел малку железо од метеоритите. Тоа значи дека научниците можат да трагаат за древна вода со мерење на нивото на железо во метеоритите во споредба со останатите елементи од вселенските карпи.

- Advertisement -

Научниците очекувале дека ќе најдат отприлика онолку железо колку и никел и кобалт. Но, наместо тоа, пронашле дека доста железо недостига во споредба со нив, што укажува на присуство на кислород и оттука и на вода.

Накратко, научниците заклучиле дека пробитниот матерјал кој го формирал внатрешниот дел од Сончевиот систе, веројатно содржел вода. Разликата меѓу она што го измериле во метеоритите во внатрешниот дел на Сончевиот систем и она што ого очекувале имплицира околу 10.000 пати поголема активност на кислород, вели Пол Асимов, геолог и геохемичар од Институтот за технологија на Калифорнија.

- Advertisement -

Ако водородот и кислородот од водата биле присутни во тие примордијални планетарни градежни блокови, тогаш тоа е добар знак дека и други елементи како јаглеродот и водородот, кои се клучни за настанување на животот, исто така можеби биле таму уште на почетокот.

Истражувањето е објавено во списанието Nature Astronomy.

(Zimo)

(фото: PickPik)

Сподели!
- Advertisement -