Ултрабрзиот автомобил на Xiaomi распродаден за наредните 2 години

- Advertisement -

Успехот на Xiaomi на пазарот на електрични автомобили речиси сигурно ги изненади дури и најголемите оптимисти на компанијата. За само неколку години идејата за влез на пазарот ја претворија во неверојатен успех, а покрај тоа што сите го фалат нивниот прв автомобил, SU7, голема побарувачка за него има и во Кина. За кратко време веќе испорачаа повеќе од 180.000 примероци, па сега имаат големи амбиции за новиот модел од категоријата SUV, YU7.

Но, покрај обичниот модел SU7, оваа компанија претходно ја претстави и својата засилена верзија, SU7 Ultra, која исто така е барана како што никој не очекуваше. Откако беше официјално лансиран во последните денови од минатиот месец, по само десет минути бројот на нарачки достигна речиси 7.000, а според основачот на компанијата, Леи Јун, по 24 часа таа бројка се искачила на 15 илјади.

- Advertisement -

Последните податоци за побарувачката покажуваат 19.000 нарачки, а побарувачката продолжува да расте. Бидејќи Xiaomi планира да произведува 10.000 единици годишно, нивниот Ultra модел е веќе распродаден во следните две години. Секако, бидејќи побарувачката е исклучително висока, не треба да се исклучи дека тимот на Xiaomi би можел да се предомисли и да го зголеми производството. Моменталните планови за оваа година се доста големи, а кинеската компанија планира вкупно производство од дури 300.000 автомобили.

Една од причините за големата побарувачка на моделот Ultra е неговата цена – иако претходно се зборуваше дека овој SU7 Ultra би можел да се појави на пазарот по цена од околу 100.000 евра, за него е потребно да се платат само нешто повеќе од 65.000 евра.

- Advertisement -

И за таа цена ќе добиете вистински ѕвер, најбрзиот сериски автомобил со четири врати во светот, велат од кинеската компанија. Xiaomi SU7 Ultra доаѓа со три мотори, има 1.548 КС и забрзува до 100 км/ч за помалку од 2 секунди, додека 200 км/ч може да достигне за 6,09 секунди. Може да достигне максимална брзина од 350 км/ч, со домет од 630 км. Импресивно.

И покрај поголемата од очекуваната побарувачка за моделот Ultra, Xiaomi има најголеми очекувања за моделот YU7 бидејќи е автомобил од најпопуларната категорија на возила. Претставувањето на овој теренец го очекуваме во следните неколку месеци, кога треба да дознаеме официјални информации за неговите спецификации и цена, која според претходните гласини би требало да изнесува околу 31.000 долари.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Xiaomi)

Сподели!
- Advertisement -