ЕУ воведува царини за кинески челик во висина од 25 до 50%

- Advertisement -

Во наредните недели, Европската Унија ќе воведе заштитни царини во висина од 25 до 50 проценти за кинески челик и челични производи. Оваа информација ја објави германскиот весник „Ханделсблат“, повикувајќи се на анонимен висок европски функционер во Брисел. Се вели дека овој потег е дел од поширока стратегија за враќање на конкурентската рамнотежа на европскиот пазар, кој се соочува со масовен увоз од Кина и затворање на американскиот пазар. Покрај тоа, Европската Унија планира да ги поврзе јавните набавки, вклучително и изградбата на метроа, железници и мостови, со правилата „Купувајте европски“ кои фаворизираат употреба на европски „зелен челик“ и електрични возила, објавува Политика.

Големите компании и синџирите за изнајмување автомобили ќе бидат обврзани дел од своите возни паркови да ги базираат на електрични автомобили произведени во Европската Унија.

Европскиот комесар за индустрија Стефан Сејурн нагласи дека Европа нема друг избор освен да пронајде нова рамнотежа со намалување на внатрешните трговски бариери и истовремено зајакнување на надворешните мерки за заштита против трговските партнери кои, како што рече, „веќе не почитуваат никакви правила“, објавува порталот „Виршафтсвое“.

- Advertisement -

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -