Привлекувањето богатство носи многу придобивки. Кога капиталот ќе почне да се слева, тоа води до повеќе инвестиции и нови работни места. Многу земји нудат висок квалитет на живот, поволни даночни политики, лесни опции за престој и луксузни недвижности за да ги привлечат најбогатите луѓе во светот.
Со зголемувањето на геополитичките тензии што се очекува да продолжат во наредниот период, трендот на миграција на богатство веројатно ќе се интензивира уште повеќе. Во која насока ќе оди ќе зависи од тоа колку успешно земјите ќе ги балансираат економските, политичките и факторите на животниот стил што влијаат на одлуките на луѓето.
Најновото истражување од Henley & Partners предвидува кои земји ќе добијат и изгубат најмногу милионери во 2025 година. Ве интересираат резултатите? Еве ја листата.
- Костарика
Костарика станува сè попопуларна меѓу богатите кои сакаат база близу до Соединетите Американски Држави. Се очекува околу 350 милионери да се преселат во Костарика во 2025 година.
- Тајланд
Тајланд сè повеќе се позиционира како дестинација за богатите, благодарение на својата „златна виза“, поволните даночни услови и високиот квалитет на живот. Околу 450 милионери планираат да се преселат во Тајланд.
Малта
Малта е привлечна со години поради своите поволни даночни регулативи, програми за државјанство и престој, даночни олеснувања и медитерански начин на живот. Се очекува околу 500 милионери да пристигнат во 2025 година.
Јапонија
Околу 600 богати поединци ќе се преселат во Јапонија, привлечени од нејзината стабилност, квалитет на живот и близина до кинескиот пазар.
Хонгконг (САР Кина)
Се очекува Хонг Конг да привлече околу 800 милионери, со вкупно богатство од 5,3 милијарди долари. Комбинацијата од даночна ефикасност, развиена финансиска инфраструктура и стратешка близина до кинескиот пазар го прави особено привлечен.
Австралија
Се очекува околу 1.000 милионери да се преселат во Австралија, носејќи со себе околу 5,6 милијарди долари капитал.
Канада
Се очекува 1.000 богати поединци да се преселат во Канада во 2025 година, со вкупно богатство проценето на 5,7 милијарди долари.
Грција
Грција е една од најбрзо растечките дестинации за богатите, со 1.200 милионери што се очекува да се преселат благодарение на ниските даноци, достапниот луксуз и сè поразвиената деловна и инвестициска средина.
Португалија
Португалија е веќе на врвот на листата на дестинации за богатите. Се очекува околу 1.400 милионери да пристигнат во 2025 година, привлечени од даночни олеснувања, инвестициски визи и висок квалитет на живот.
Сингапур
Градот-држава Сингапур е магнет за богатство со децении. До 2025 година, околу 1.600 милионери ќе се преселат во земјата, носејќи богатство од повеќе од 8,9 милијарди долари.
Саудиска Арабија
Саудиска Арабија очекува доаѓање на 2.400 милионери, кои заедно ќе внесат повеќе од 18,4 милијарди долари во економијата на земјата.
Швајцарија
Швајцарија продолжува да ги привлекува богатите благодарение на својот луксузен животен стил, модерната инфраструктура и даночните олеснувања. Се очекува дека 3.000 нови милионери ќе влезат во земјата до 2025 година.
Италија
Се проценува дека околу 3.600 милионери ќе се преселат во Италија, со вкупно богатство од повеќе од 20 милијарди долари.
САД
САД се на второ место, со нето прилив од над 7.500 милионери. Нивната напредна, силна и разновидна економија продолжува да ги привлекува богатите од целиот свет.
Обединети Арапски Емирати
ОАЕ остануваат најпосакуваната дестинација за милионерите. Даночните олеснувања, деловното опкружување и врвната инфраструктура значат дека се очекува околу 9.800 милионери да пристигнат во земјата до 2025 година.
(Bizlife/MSN)



