Paramount го предизвикува Netflix: Се заканува со непријателско преземање на Warner Bros

- Advertisement -

Paramount започна непријателско преземање на Warner Bros Discovery, директно предизвикувајќи го Netflix, кој само пред неколку дена постигна договор за аквизиција од 72 милијарди долари.
Paramount сега нуди 30 долари по акција во готово, директно на акционерите на Warner Bros.

Во соопштение објавено во понеделник Parampunt ги повика акционерите на Warner Bros да го отфрлат договорот со Netflix. Тоа е истата понуда што менаџментот на Warner Bros претходно ја отфрли, одлучувајќи наместо тоа да се спои со Netflix. Parampunt ја критикуваше понудата на Netflix, велејќи дека „ги изложува акционерите на WBD на долг регулаторен процес со неизвесен исход, со сложена и нестабилна мешавина од акции и готовина“.

- Advertisement -

Parampunt откри дека поднел шест различни предлози до Warner Bros Discovery во период од 12 недели.

Веруваме дека нашата понуда ќе создаде посилен Холивуд. Тоа е во најдобар интерес на креативната заедница, потрошувачите и филмската индустрија“, рече претседателот и извршен директор на Parampunt, Дејвид Елисон. „Веруваме дека сите ќе имаат корист од зголемената конкуренција, поголемите трошоци за содржини и театарска продукција и повеќе филмови во кината како резултат на нашата предложена трансакција.“ додаде тој.

- Advertisement -

За потсетување, Netflix во петокот постигна договор за купување на Warner Bros. Discovery, холивудскиот гигант зад франшизата „Хари Потер“ и стриминг услугата HBO Max. Договорот, кој вклучува готовина и акции, е вреден 27,75 долари по акција на Warner, што му дава вкупна вредност од 82,7 милијарди долари, вклучувајќи го и долгот. Се очекува трансакцијата да се затвори во следните 12 до 18 месеци, но мрежи како CNN и Discovery се исклучени од договорот.

Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека договорот помеѓу Netflix и Warner Bros. Discovery „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел. Републиканскиот претседател рече дека ќе се вклучи во одлучувањето дали федералната влада треба да го одобри договорот од 72 милијарди долари.

- Advertisement -

Првичната јавна понуда на Paramount за акционерите трае до 8 јануари 2026 година, освен ако не се продолжи. По објавата, акциите на Warner Bros и Paramount скокнаа помеѓу 5% и 6% во раното тргување во понеделник, додека Netflix малку падна.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -