Конечно се отвара Свети Стефан

- Advertisement -

Сопственикот на компанијата „Адриатик пропертис“, Петрос Статис, потврди дека луксузниот комплекс „Свети Стефан“ ќе биде повторно отворен, откако беше постигнат договор со Владата на Црна Гора.
Статис ја сподели оваа информација преку социјалната мрежа Инстаграм, каде што изјави дека станува збор за процес кој траел долго време и вклучувал бројни сложени фази и интензивен ангажман.

„Ова беше долг процес, со многу различни елементи и континуирани напори со текот на времето“, рече Статис.

- Advertisement -

Тој истакна дека постигнатиот договор е клучен за продолжување на развојот на проектот и излез од арбитражната постапка.

„Многу сум задоволен што постигнавме договор со Владата на Црна Гора, што ни овозможува да продолжиме понатаму и да ја напуштиме арбитражата“, рече тој.

- Advertisement -

Статис нагласи дека компанијата останува посветена на Црна Гора и на понатамошниот развој на една од најпрепознатливите туристички дестинации на Јадранското Море. „Остануваме посветени на Црна Гора и на иднината на оваа единствена дестинација“, заклучи тој.

Фото – Needpix

- Advertisement -