Германските возови добиваат конзоли за видеоигри и теретани

- Advertisement -

Додека Илон Маск сака железничкиот транспорт да го забрза со суперсонични возови, практичните Германци повеќе се грижат за комфорот на патниците.

Такa, компанијата Deutsche Bahn претстави концепт за воз наречен Ideenzug (идеен воз), кој доаѓа со бројни содржини кои на патниците ќе им го направат позабавно возењето, пренесува Vidi.hr. 

- Advertisement -

Дизајнерите и инженерите на германските железници им овозможија на патниците да влезат во концептуална макета со реална големина за да се запознаат со содржините на возовите од иднината.

Простор за играње за деца, конзоли за игри, фитнес центри, интерактивни информативни екрнаи, автомати за пијалаци кои се купуваат со паметни телефони со NFC, големи телевизори за спортски преноси во живо, седишта со масажа итн. се дел од тоа во што ќе можат да уживаат патниците во Германија.

Сподели!
- Advertisement -