Словенечкиот стартап Prospeh кој со својата апликација OriginTrail овозможува едноставно следење на потеклото на млечните и месните производи, подготвува вистинска револуција за сигурноста на храната.
Наскоро со нивна помош, луѓето во Кина ќе можат да го проверат изворот на секој прехрамбен производ.
„На кинескиот пазар моментално спроведуваме четири пилот проекти за следење на снабдувачкиот ланец од изворот до местото каде храната се продава. Користиме blockchain технологија која овозможува веродостојност на собраните податоци. Тоа значи дека кога еднаш податоците ќе влезат во системот, веќе не можат да се променат.“, изјавил Анже Воје, одговорен за комуникации во Prospeh, за Poslovni Dnevnik.
Дека нивните пилот проекти ветуваат многу доброи резултати потврдува и нивната победа на натпреварот на американскиот трговски ланец Walmart. На натпреварот се пријавиле со проект кој ќе му овозможи на секој купувач увид во потеклото на секој производ на кинескиот онлајн пазар за храна, Yimishiu. Критериумите барале проектите да опфаќаат технолошки иновации кои имаат позитивен ефект на сигурноста на храната, а иновациите веќе да носат резултати.
Словенечкиот стартап е една од десетте компании во првата иновациска програма на Walmart која користи blockchain технологија. Потребата од нов капитал, стартапот ќе ја надокнади преку продажба на својата криптовалута Trace.
„Наградата од Walmart, најголемата трговска компанија во светот, е извонредно признание како за нас, така и за словенечката стартап сцена“, изјавиле од компанијата.
Prospeh има пет стручни советници, меѓу кои и Џон Г. Кеог, еден од водечките светски експерти за безбедност на храна во синџирот на снабдување и примена на стандарди. Овде е и Срѓан Крчо, пионер во областа на интернет нештата и поврзување на паметни уреди со комплексни системи. Томаж Шолф, ко-основач на успешна американска компанија “Слој” помогна Prospeh да изгради кредибилитет во САД. Во советодавниот одбор се Андреј Мужевиќ и Јан Карнат кој е ко-основач на AndroidPIT.
Досега, Prospeh собра толку многу искуства во обезбедувањето транспарентност во синџирот на исхрана, што денес е чекор понапред од конкуренцијата. Тие се подготвени да ги воведат решенијата и во други сектори, како што се фармацевтската или модната индустрија.