Директорот на Google од Давос: Вештачката интелигенција ќе биде побитно откритие од огнот и струјата

- Advertisement -

Извршниот директор на Google, Сундар Пичи, кој исто така присуствува на глобалната средба на Светскиот економски форум во Давос, денеска имаше навистина интересна порака до присутните. Тој изјави дека вештачката интелигенција ќе биде најбитното нешто на што некогаш работел човекот.

„Мислам дека AI ќе биде многу побитна за човештвото отколку што било откривањето на огнот или струјата. Вештачката интелигеницја може да ни помогне да решиме некои од најголемите проблеми во светот денес. Може да ни помогне во иднина да се снабдуваме со чиста, евтина и обновлива енергија“ изјави Пичаи.

- Advertisement -

Понатаму, Пичати потенцираше дека AI може да се искористи и за голем напредок на полето на образованието.

„Денес образованието не е исплатливо. Вештачката интелигенција може да го промени тоа.“

- Advertisement -

Професорот Стивен Хокинг и Илон Маск предупредуваат дека ветшачката интелигенција може да стави крај на човештвото какво што го познаваме.

„Ризиците во врска со AI  се реални. Се справуваме со нив така што размислуваме однапред. Треба да се искрени, транспарентни и да поставиме етички основи уште од самиот старт. Треба отворено да зборуваме за постигнатиот напредок. Исто така, земјите треба да се договорат да не ја употребуваат ветшачката интелигенција за воени цели. Тоа е една заедничка цел на која треба да работиме сите заедно.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -