Huawei го најави првиот 5G чип за мобилни уреди

- Advertisement -

Huawei утрово го најави својот прв чип за 5G на Mobile World Congress во Барселона, кој ќе им овозможи на уредите на компанијата да ги користат мобилните мрежи од идната генерација 5G. Од компанијата тврдат дека чипот Huawei Balong 5G01 е првиот во светот кој може да го поддржува новиот 3GPP стандард за 5G мрежите и треба да овозможи симнување содржини со брзина од 2,3Gbps. Со оглед на големината на чипот, веројатно многу набрзо ќе се најде на мобилни hotspot, а не во телефони.

Извршниот директор на Huawei, Ричард Ју, вели дека неговата компанија има инвестирано 600 милиони долари во мрежна технологија, која најверојатно ќе се користи насекаде – од беспилотни автомобили до мобилни уреди и паметни домови. Huawei, исто така, произведува и мрежна опрема и тврдат дека ќе бидат првата компанија која ќе понуди 5G решение од краен до краен корисник.

- Advertisement -

5G е идната генерација мобилни мрежи и ќе биде значителен чекор напред во споредба со сегашните LTE мрежи, но ќе треба да почекаме уште неколку години пред да почне комерцијалната употреба.

Сподели!
- Advertisement -