Samsung најави чудо – Galaxy X со три екрани?

- Advertisement -

Samsung би можел наскоро да претстави нов телефон Galaxy X, кој би можел да има ЛЕД екран. Кога целосно ќе се отвори екранот на телефонот ќе биде со иста големина како екранот на iPad Mini. Телефонот ќе може лесно да се трансформира во таблет и да понуди низа нови опции, пренесува В92.

Ако оваа најава е нешто повеќе од гласини, кои секако ги следат познатите технолошки џинови, тоа ќе биде навистина интересен концепт, а некој ден во иднина можеби и корисен уред. Екраните кои се склопуваат не се револуционерна новост, но многу компании веќе интензивно работат на развојот на такви телефони.

- Advertisement -

Samsung веќе доста време се занимава со идејата екрани на склопување. Уште во 2011 година претстави видео од концептот за провиден екран кој се склопува, кој уште не се појавил во јавноста. Челниците на Samsung на неодамна одржан конгрес најавија дека компанијата сака да биде прва на пазарот на телефони кои се склопуваат.

Сепак, Samsung не е единствената компанија која се натпреварува за првото место на тој пазар. Минатата година на Apple му беше одобрен патент за електронски уред со флексибилен екран.

- Advertisement -

https://www.youtube.com/watch?v=TraGqygBENI

Сподели!
- Advertisement -