По недели и месеци нетрпение и исчекување, Apple конечно испрати покани за својот есенски голем настан, кој дефинитивно е најбитен во годината за овој гигант од Купертино, Калифорнија. Освен тоа, по минатогодишната најава за лансирањето на iPhone X веројатно е најочекуваниот настан со години.
12 септември 2018 година е датумот за кој се шпекулираше подолго време и иако испадна дека тоа е точно, досега никој, дури ни производителите на аксесоарите и амбалажата за телефоните, не знаеше когаќе се одржи најбитниот настан на Apple.
Што можеме да очекуваме од настанот? Годинава можеби ќе бидат претставени дури три телефони iPhone веројатно со радикално различни дизајни и iPad Pro со целосен екран и технологија за идентификација на лице. Ќе биде претставен и долго очекуваниот AirPower полнач и четвртата генерација Apple Watch. Можеби ќе имаме прилика да видиме и некој нов MacBook кој ќе го замени сегашниот MacBook Air и евентуално слушалки AirPods 2.