Apple го намалува производството на iPhone поради намалената побарувачка

- Advertisement -

Брокерската куќа City Research ја намали прогнозата за производството на iPhone за првиот квартал од 2019 година и речиси ги преполови своите очекувања врзани за најскапиот модел XS Max. На ова се приклучуваат и низа други брокерски куќи и ги соборуваат прогнозите по серијата извештаи за слабата побарувачка за моделите на iPhone.

City очекува дека Apple ќе произведе 45 милиони iPhone во тој квартал, што е помалку од претходно предвидените 30 милиони уреди. Намалувањето на проекциите главно се должи на слабиот интерес за моделот XS Max со почетна цена од 1.099 долари, чие производство, според проценките на City, ќе биде намалено за 48%.

Сподели!
- Advertisement -