Милиони Американци ги бришат своите профили на Facebook

- Advertisement -

Се чини дека сега се гледаат последиците на сите пропусти на Facebook, а тоа го докажува и најновото истражување, кое покажа дека се повеќе Американци ја напушаат оваа социјална мрежа. Во САД сега има 15  милиони корисници помалку отколку што имало во 2017 година.

Според истражувањето на тимот на аналитичката куќа Edison Research, 80% од Американците користат Twitter, Snapchat и Instagram повеќе отколку што користат Facebook.

- Advertisement -

„15 милиони не е занемарлива бројка. Мислам дека со сигурност може да се рече дека тоа е голем пад на бројот на корисници. 15 милиони луѓе е многу од секој аспект. Тоа е 6% од вкупната популација во САД и на некој начин е дел од трендот. Ова е втора година по ред како гледаме значителен пад на користењето на оваа социјална мрежа“ велат од Edison Research.

Додаваат и дека овие резултати и ситуацијата ќе се одразат на инвеститорите во Facebook. Друг факт е дека Facebook стана попопуларен меѓу постарите генерации, што значително се одразува на помладите.

- Advertisement -

„Изгледа дека останатите социјални мрежи се попривлечни од Facebook, барем од перспективата на младите луѓе“ додаваат од аналитичката куќа.

Сподели!
- Advertisement -