Huawei инвестира 20 милијарди долари во развој на вештачка интелигенција

- Advertisement -

Кинеската компанија Huawei во изминатите неколку години порасна од речиси непознат производител на потрошувачка електроника во вториот најголем производител на паметни телефони во светот и еден од водечките производители на опрема за 5G мрежи.

Меѓутоа, Huawei фрли око на уште едно поле од технологијата кое ќе игра голема улога во иднина, а тоа е вештачката интелигенција. Од развојот на чипови со вештачка интелигенција за паметни телефони до софтвер за машинско учење во облак, Huawei, барем во Азија, стана сериозен конкурент на Amazon, Microsoft и Google.

- Advertisement -

Сите податоци покажуваат дека Huawei интензивно работи на тоа за стане водечка фабрика за вештачка интелигенција во светот. Во разговор за MIT Technology Reviews, главниот стратег на Huawei откри дека планираат да инвестираат дополнителни средства (од 15 до 20 милијарди долари) во вештачка интелигенција и дека ќе направат цела палета решенија и производи базирани на AI.

Токму фактот дека Huawei е толку фокусиран на развојот на нови технологии на различни полиња во комбинација со фактот дека за се што прави и одговара на кинеската влада некои држави го доживуваат како закана по безбедноста. САД ја забрани продажбата на уреди на Huawei поради потенцијална безбедносна закана. Исто така, финансиската директорка на компанијата моментално е уапсена во Канада и чека одлука за можно предавање на американските власти поради обвинение за шпионажа, измама и кражба на интелектуална сопственост.

- Advertisement -

Сепак, се чини дека забраната за продажба на производите и приговорите на некои земји не го засегаат Huawei премногу. „Светот не може да ни го сврти грбот само затоа што сме најнапредни“ уверен е основачот на Huawei, Рен Женгфеи.

Сподели!
- Advertisement -