Навикнавме на постојани промени на Facebook, но промените кои ги најавија на конферецнијата F8 ќе бидат најголеми во историјата на компанијата. Корисниците најрпвин ќе забележат промени во дизајнот – карактеристичната сина боја ќе исчезне од насловната страна на Facebook. Сината боја ќе биде заменета со чисто бела и нагласокот ќе биде ставен на групите, а не на вестите.
Така, корисниците ќе можат да објавуваат во групи директно од насловниот екран, без да влезат во групата. Освен тоа, ќе бидат додадени нови алатки за специјализирани групи. енајави дека ќе се смени начинот на кој корисниците комуницираат на оваа социјална мрежа и создавање на јавни простори за комуникација, но и приватни простори за дружење.
На прв поглед новиот Facebook повеќе потсетува на Messenger или Instagram отколку на социјална мрежа која ја користиме со години. Освен на групите, посебен акцент е ставен на Stories, односно „приказните“. Промените прво ќе се забележат на мобилната апликација, а на компјутерите ќе се појават во текот на анредните неколку месеци.
Мобилната апликација ќе добие и опција Meet New Friends, односно Запознај нови пријатели, која ќе функционира како апликација за запознавање луѓе и одење на состаноци. Корисниците ќе можат да им испратат порака на други корисници со кои не се пријатели, а имаат заеднички интереси. И Facebook Dating, кој упте не заживеа, добива нови опции. Една од нив е Secret Crush, односно Тајна симпатија, која на корисниците ќе им открива дали им се дпаѓаат на некои пријатели без откривање на имињата.
Посебно се интересни промените на Marketplace, делот на Facebook за продажба и купување меѓу корисниците. Отсега корисниците ќе можат да плаќаат директно на Marketplace и да избегнат давање број на сметка на непознати луѓе.
И Messenger ќе биде променет и апликацијата ќе стане побрза и да зафаќа помалку мемроија, но за тоа ќе треба да почекаме. Најавено е дека новиот Messenger ќе биде достапен подоцна годинава.