Најбогатиот човек во светот го претстави леталото со кое ќе ја освои Месечината

- Advertisement -

Шефот на Amazon, Џеф Безос, кој воедно е и најбогат човек во светот, во своето царство има уште неколку интересни компании, од кои во моментот најактуелна е Blue Origin, која се занимава со производство на ракети и испраќање луѓе на Месечината.

На посебен настан организиран во Вашингтон, Безос го претстави леталото Blue Moon, кое би требало да доставува различни видови товар до Месечината. Како што истакна и самиот Безос, сакаат да обезбедат постојано човечко присуство на Месечината.

- Advertisement -

„Ова е неверојатно летало и лета до Месечината“ изјави Безос со одушевување при претставувањето на модел на леталото во реална големина. Тој додаде дека идејата е Blue Moon на Месечината да пренесува околу 4 тони товар.

Blue Origin со години работеше на Blue Moon, а дополнителен ветар во грб за нив беше НАСА, која нодамна им додели милион долари за да го завршат развојот. Интересно е тоа дека леталото треба да биде опремено со LIDAR, односно системот од радари кој се користи и за автономните автомобили, за само да може да се спушта на површината на Месечината.

- Advertisement -

Освен Blue Moon, Безос го претстави и новиот ракетен мотор наречен BE-7, кој би требало сам да го придвижува леталото. Ќе користи комбинација од водород и кислород, главните компоненти на водата, кои ќе ги добива од залихите на лед на Месечината. Иако конечната цел на Blue Origin е да превезува луѓе до и од Месечината, засега тоа нема да може да го направи. Во план е креирање на поголема верзија на Blue Moon, но тоа ќе се случи за некоку години.

Безос е убеден дека неговата компанија може да и помогне на НАСА да ги врати Американците на Месечината до 2024 година. Посебно е интересна неговата визија за животот во иднина. Како што објасни, луѓето би живееле во вселената во вселенски станици кои би симулирале поволни услови за живот. Сета тешка индустрија и производството на енергија ќе се пресели од Земјата на други планети за Земјата да се претвори во своевиден рај за живот.

- Advertisement -

„Земјата енјадобра планета. Мораме да ја заштитиме. Тоа е наша задача“ изјави Безос.

Сподели!
- Advertisement -