Еден ден после одлуката на Google да ја прекине соработката со Huawei, чии последици ќе бидат големи и далекусежни и веројатно ќе резултираат со радикална промена на ситуацијата на глобалниот пазар на мобилни уреди, американското Министерство за трговија ги ублажи ставовите на САД и оттаму изјавија дека сепак ќе дозволат привремена лиценца со која кинеската компанија ќе може да врши одредени активности за кои е потребна соработка со американски компании. Лиценцата е издадена на време од три месеци и во текот на тој период Huawei ќе може да ја одржува својата инфраструктура во САд и коирсниците на паметни телефони и таблети кои имаат оперативен систем Android ќе можат да вршат надградба на софтверот.
Мрежната опрема на Huawei во САД ја користат одредени провајдери на интернет услуги на рурални подрачја и со привремената лиценца на тие комжании ќе им се овозможи набавка на нова опрема, ако е возможно во толку краток рок, за да продолжат да обезбедуваат услуги, односно да добијат време за пронаоѓање на некое подолгорочно ефикасно решение.
Да потсетиме дека Google пред неколку дена донесе одлука која ги засега милионите корисниви во светот кои користат телефоните на Huawei затоа што како што стојат работите сега, на уредите од кинеската компанија повеќе нема да може да се надградува оперативниот систем Android. Исто така, Huawei нема да може да ја користи целосната верзија на Android која вклучува Gmail, YouTube, апликации за е-трогивја и други познати апликации на своите идни телефони. Тоа е голем удар за компанија и не и преостанува ништо друго освен да го претстави својот оперативен систем на кој наводно работи со години.