Главоболките за Huawei почнаа со одлуката на Google да им го ускрати пристапот до поддршка за Android и Google Play, но ситуација само станува се полоша. Така, од Facebook досесоа одлука со која ниеден телефон на Huawei кој веќе не е произведен не смее да ги има прединсталирано апликациите од палетата на Facebook: Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp. Воедно, тоа е и апликациите кои имаат нејголем број корисници во светот.
Додека Google објави дека нивните апликации ќе бидат достапни за постојните модели на телефони на Huawei, Facebook направи уште построга забрана – неговите апликации не семат да се инсталираат на кој било телефон на Huawei кој ја нема напуштено фарбиката.
Корисниците кои веќе користат телефони на Huawei не би требало да имаат проблеми со користењето на апликациите, како ни со нивното ажурирање. Засега нема коментари од Huawei, а не е познат ни точниот датум кога Facebook ќе почне да ја применува својата одлука.