И покрај проблемите со САД, флексибилниот телефон на Huawei ќе биде готов до крајот на летото

- Advertisement -

И покрај проблемите во кои се најде поради блокадата од САД, Huawei и понатаму работи на усовршување на својот прв флексибилен телефон Mate X и на почетокот на продажбата. Така, Mate X, кој беше претставен на почетокот на годината, би можел да се најде во продажба до крајот на летото, а најдоцна во септември.

Од Huawei истакна дека Mate X секако ќе се најде во продажба, без оглед на ситуацијата со САД. Оттаму појаснија дека доцнењето на телефонот не е поради хардверски проблеми или недостатоци, туку поради бавната имплементација на 5G мобилната мрежа.

- Advertisement -

Но, нагласуваат дека без оглед на тоа кога ќе се појави на пазарот, Mate X ќе има инсталиран оперативен систем Android. Со оглед на тоа дека Mate X беше најавен и претставен многу пред санкциите од САД, од Huawei се уверени дека нема да има проблем да се користи Android на тој уред.

Исто така, од Huawei открија дека моментално се работи на последните прилагодувања на софтверот за Mate X целосно да ги исполни очекувањата на купувачите, кои ако сакаат да го имаат, ќе треба да издвојат барем 2.600 долари.

- Advertisement -

Кога беше претставен, Huawei Mate X беше опишан како најбрзиот 5G телефон на преклоп во светот со флексибилен ОЛЕД панел и батерија со капацитет од дури 4500 mAh, која воедно поддржува и технологија за полнење SuperCharge.

Сподели!
- Advertisement -