Од стари автомобилски гуми до килими и делови за автомобили

- Advertisement -

Оваа компанија рециклира стари гуми и ги претвора во мастило, килими и делови за автомобили. Секоја година 1,5 милијарди гуми се фрлаат или се спалуваат, така загадувајќи ја околината и произведувајќи токсични гасови.

Компанијата Black Bear Carbon ги загрева старите автомобилски гуми, ја разложува гумата и од неа прави пелети кои содржат нешто наречено саѓи. Саѓите ги има насекаде – од мастилата во пенкалата до типките на лаптопот.

- Advertisement -

Пелетите потоа се испраќаат до производителите на нови производи. Од останатите 60% од гумите се прават нафта и гас, кои потоа се користат за генерирање зелена електрична енергија, која се користи за овозможување на целиот процес на рециклирање на гумите. Тоа значи дека компанијата нема негативни карбонски ефекти врз животната средина.

Black Bear сака секоја стара автомобилска гума во светот да стане вреден ресурс. Нивната фабрика во Холандија може да процесира 1 милиони гуми годишно. Доколку изградат уште 800 такви фабрики, ќе може да се рециколира секоја стара гума во светот. Така ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид исто толку како да се посадат 1 милијарда дрвја, а потрошувачката на нафта ќе се намали за повеќе од 215 милиони барели.

- Advertisement -

На овој начин ќе се поттикне и циркуларната економија во целиот свет, при што целиот отпад ќе се претвора во корисни производи.

This company recycles polluting old tyres into ink, carpets and car parts

The true value of waste.📕 Read more: https://wef.ch/2Ji7ElZ #amnc19

Posted by Video – World Economic Forum on Вторник, 02 јули 2019

Сподели!
- Advertisement -