Huawei ја продава својата 5G на компании од Западот

- Advertisement -
Извршниот директор на Huawei, Рен Женгфеи, предложи продажба на нивниот 5G систем на компании од Западот за малку да се ублажи загриженоста на САД и на други земји во врска со безбедноста на технологиите на Huawei. Рен истакна дека купувачите би имале слобода да „го променат и кодот на софтверот“.
Со тоа би се овозможило решавње на какви било маани или сокриени опции без прашување на Huawei, изјави Рен во интерјуа за Economist и New York Times. Соединетите Американски Држави и Австралија претходно на своите компании им забранија да ја користат опремата на Huawei, а Велика Британија уште нема донесено одлука за тоа.
Во меѓувреме, од Huawei упорно ги негираа тврдењата дека нивната 5G технологија на кинеската влада би и овозможила да ѓпионира или да ги поремети телекомункациските системи на други земји.
Сподели!
- Advertisement -