И покрај проблемите со САД и забраната на американскиот претседател, Huawei веќе гледа во иднина и работи на развој на нови технологии. Моментално во светот најмногу се зборува за новата генерација мобилни мрежи кои треба да бидат многу брзи и да обезбедат подобра покриеност, но и да овозможат понатамошен развој на нови технологии како што се автономните автомобили. Иако ќе треба да почекаме додека 5G стане секојдневна технологија во нашите домови, веќе се работи на нејзиниот наследник.
Имено, Huawei веќе почна да ја развива новата мобилна технологија која ќе ја наследи 5G – 6G. „Паралелно работиме на развојот на 5G и 6G и тоа веќе некое време“ откри челникот на Huawei, Рен Женгфеи. Тој додаде дека таа технологија уште се наоѓа во многу рана фаза од развојот и ќе помине многу време пред да влезе во комерцијална употреба. Според неговите проценки, 6G ќе биде готова за десетина години.
За новата мобилна технологија да заживее во пракса потребни се многу подготовки. Пред се, потребно е на ниво на целата индустрија во светот да се договора точни стандарди. Иницијалните преговори за стандардите на 6G веќе почнаа, но ќе бидат потребни години за да се договорат. Додека не се случи тоа, Huawei ќе се фокусира на 5G и на потпишувањето договори со партнери од целиот свет за изградба на 5G мрежата и продажба на 5G мрежната опрема.
5G веќе е минато – Huawei развива 6G
- Advertisement -
- Advertisement -