Првиот брод во светот со кој управува вештачка интелигенција ќе тргне на прекуокеанска пловидба

- Advertisement -

Автономните автомобили повеќе не се необична појава, иако ќе почекаме додека да ги видиме на нашите улици. Сепак, во Велика Британија се подготвува еден голем потфат кој целосно ќе се базира на автономното возење. Станува збор за првата прекуокеанска пловидба на автономен брод во светот.

- Advertisement -

Maylflower Autonomous Ship или скратено MAS треба да тргне на пловидба од Плимут во Велика Британија во септември 2020 година. Неговата цел се наоѓа на другата страна на океанот во Плимут во САД, со што ќе се одбележи 400-годишнината од пловидбата на бродот Mayflower, со кој доселениците прв пат дошле од Велика Британија во САД. Тогаш патувањето траело два месеци, а на бродот имало 102 патници и 30 членови на екипажот.

Но, со MAS нема да управуваат луѓе, туку кормилар ќе биде вештачка интелигенција. Бродот самиот ќе носи одлуки за правецот на пловење, ќе избегнува други предмети во океанот, а базата ќе ја повикува само ако процени дека е потребно. Бродот ќе ја користи софистицираната алатка на IBM, ODM (operational decision maker), која инаку се користи во финансиската индустрија за носење сложени бизнис одлуки.

- Advertisement -

Секако, за носењето одлуки на MAS ќе бидат задолжени бројни сензори и радари, кои ќе собираат податоци за состојбата на океанот и за предметите кои ќе се најдат на патот. Така, MAS би требало да тргне на пат опремен со Lidar, радари, GPS, камери и зателитска врска која ќе му дава поширока слика. Но, ќе биде спремен и за носење одлуки без пристап до облак затоа што некои селови од океанот не се покриени со сателитски сигнал кој може да го користи MAS. Затоа, некои експерти од IBM собраа мноштво податоци од други бродови кои пловат од Плимут за да го „научат“ MAS се што треба да знае за самостојна пловидба.

Ветрот и сонцето ќе бидат главни извори на енергија за MAS, додека дизел генераторот ќе се користи само во случај на опасност. Ќе има максимална брзина од 20 јазли или 37 км/ч, ќе биде долг 15 метри, а ќе тежи 5 тони.

Сподели!
- Advertisement -