Телефонот на склопување на Huawei ќе почне да се продава во ноември

- Advertisement -

Телефонот на склопување на Huawei, кој одамна се одложува, конечно ќе се најде на пазарот во ноември. Mate X e 5G смартфон со процесор Kirin 980 на Huawei и модем Barong 5000. Телефонот поседува батерија од 4.500 mAh, која може да се наполни до 85% од капацитетот за еден час и половина со брзо полнење со моќност од 55W.

Кога ќе се расклопи, дијагоналата на екранот изнесува 8 инчи, а кога ќе се склопи добивате смартфон со екран од 6,6 инчи на предната и 6,38 инчи на задната страна. За разлика од Samsung Galaxy Fold, кој се отвора како книга, екранот на Mate X никогаш не е сокриен и секогаш се гледа.

- Advertisement -

Телефонот ќе чини 2.400 долари, а продажбата во Кина почнува на 15 ноември. Huawei MateX има 6 GB RAM и 512 GB интерна меморија. Huawei размислува за пласирање на Mate X и на останатите пазари. Компанијата во меѓувреме соопшти дека продала 200 милиони телефони годинава и тоа таа бројка ја достигнале 64 дена порано отколку лани.

Сподели!
- Advertisement -