Хрватски Bellabeat лансираше паметен накит со Сваровски кристали

- Advertisement -

Хрвстаката компанија Bellabeat, која развива врвни преносни уреди, лансираше нов паметен накит Leaf Crystal, кој го украсија со Сваровски кристали. Како и претходниот модел на Leaf накит (Urban i Chakra), новиот Leaf Crystal под убавата надворешност крие сензори, Bluetooth систем за поврзување со телефон и батерија, што сето заедно му овозможува да следи бројни активности преку системот за следење и мерење на секое движење со чекори како одење или трчање, но и малите движења кои настануваат во текот на спиењето. Тоа ќе овозможи да се користи за следење на фитнес активностите, вежбите за тело, здравјето и слењето на сонот.

Со лансирањето на новиот Leaf, Bellabeat ја надгради и апликацијата Bellabeat Wellness Coach, која овозможува пристап до ексклузивни венлес содржини и вклучува „фејс“ јога, пилатес, јога и фитнес, пристап до голем број различни медитации и опции за следење на податоците за здравјето на младите жени меѓу кои се активности, спиење, хидратација и менструалниот циклус.

- Advertisement -

Leaf Crystal се продава по цена од 199 американски долари.

Сподели!
- Advertisement -