За само еден час вчера на Alibaba се продадоа производи во вредност од над 14 милијарди долари

- Advertisement -

Кинеските потрошувачи вчера потрошија милијарди долари само во пррвите часови од Денот на самците, најголемиот шопинг настан во светот, на чие отворање настапи американската поп ѕвезда Тејлор Свифт. Од Alibabа известија дека првата милијарда долари на нивната платформа била потрошена во рок од само 68 секунди!

Вкупниот износ на трансакциите од 14,3 милијарди долари на платформата Alipay беше достигнат за нешто повеќе од еден час, што е 43 минути порано отколку минатата година.

- Advertisement -

Alibaba го одбележа почетокот на шопингот со гламурозен концерт во Шангај. Денот на самците се организира веќе 11 години по ред, а купувачите имаат да избираат од секакви производи на попуст – од електроника до облека. Настанот се смета за совршен показател на рапсоложението на потрошувачите во втората најголема економија во светот.

Кинеската економија веќе некое време забавува под влијание на трговската војна меѓу САД и Кина. Денот на самците или 11.11. првобитно е замислен како неофицијален ден на неженетите, односно немажените Кинези и Кинески. Пред десет години од Alibabа добија идеја да го искористат како прилика за промоција на шопингот, нешто слично на американскито Црн петок. Нивната идеја потоа ја прифатија и други интернет-платформи и онлајн-трговци.

Сподели!
- Advertisement -