14 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

Huawei ќе му конкурира на Teslа!

Kabtel desktop

Huawei ја лансираше својата стратегија за производство на паметни автономни автомобили. Од компанијата истакнуваат дека гледаат прилика со помош на 5G/LTE-V технологија и развој на C-ITS асистенција во возењето, како и интелигентно гласовно управување, да произведат автомобил од новата генерација и на тој начин да станат главен конкурент на компаниите како Tesla.

Примарната цел на компанијата е развој на технологија која овозможува возење без возачи со истовремена работа на понатамошниот напредок на таа технологија. Tesla моментално создава вредност за сите. Ако Tesla го може тоа сега, сите можеме да се вклучиме во тоа, изјавија од Huawei.

За на купувачите да им понуди што подобро искуство, Huawei соработува со компаниите SAIC и China Mobile, а сметаат дека со брзиот развој на технологијата ќе ја прошири својата соработка на бројни постојни автомобилски компании. Притоа, од Huawei се фокусирани на развој на технологија која ќе овозможи поевтинување на автономните автомобили.

Технологијата за автономно возење која ја развива Huawei, освен можноста за поврзување на 5G/LTE-V мрежа, ќе ја содржи и функцијата Cooperative Intelligent Transport Systems (C-ITS), која служи за споделување информации и координација меѓу возилата и останатите инфраструктурни објекти.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •