18.4 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Американските астронаути безбедно се вратија на Земјата со капсулата на Илон Маск

Астронаутите Роберт Бенкен и Даглас Харли безбедно се спуштија на Земјата. Спуштањето на капсулата Crew Dragon беше направено без никакви проблеми и по точно предвиден распоред.

Интересно е дека астронаутите покрај класичната радиокомуникација во капсулата имале и сателитски телефон. Една од задачите кои ги имале во текот на 20-ина минути, колку што им требало за да стигнат до главниот брод, е да го тестираат тој телефон.

Непосредно пред отворањето на капсулата екипата која требало да ја отвори детектирала траги од азот тетроксид околу капсулата, што може да укажува на согорување на гориво. За да избегнат какви било проблеми, тимот ја обработи капсулата за да ги отстранат сите траги. Со оглед на тоа дека астронаутите не забележале никакво протекување на гориво во текот на слетувањето и квалитетот на воздухот во капсулата бил добар, веројатно станувало збор само за остатоци.

После отворањето на капсулата медицинскиот персонал ја провери состојбата на астронаутите, кои потоа со хеликоптер тргнаа од базата во Пенсакола кон Хјустон. Двајцата астронаути се обратија до SpaceХ и им се заблагодарија на се што направиле за безбедно да ги испратат во вселената и да ги вратат дома.

(Dnevnik.hr)

(фото: NASA)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •