Уште една американска компанија заинтересирана за преземање на TikTok

- Advertisement -

Откако американската администрација и се закани на кинеската компанија ByteDance и речиси ја присили да го продаде TikTok на некоја американска компанија, Microsoft се споменуваше за најверојатен купец. Дури и од софтверскиот гигант потврдија дека преговараат за аквизицијата.

Според неофицијални информации, уште една голема технолошка компанија почна преговори со TikTok. Како што пишува Wall Street Journal, во прелиминарни преговори влезе и Twitter.

- Advertisement -

Но, изгледите Twitter да го преземе TikTok всушност се мали затоа што нема доволно собран капитал. Twitter на пазарот вреди околу 29 милијарди долари, што е речиси исто колку вредноста на TikTok на американскиот пазар.

Затоа аналитичарите се сомневаат дека Twitter моженавистина да влезе во бизнис со TikTok. Она што оди во прилог на Twitter е фактот дека полесно би добил одобрение од регулаторните тела задолжени за конкуренција на пазарот отколку Microsoft.

- Advertisement -

Но, за да дојде до аквизиција на кинеската компанија прво мора да го победи Microsoft.

(Dnevnik.hr, WSJ)

- Advertisement -

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -