Деветгодишниот Рајан повторно е најплатениот јутјубер во светот

- Advertisement -

Децата инфлуенсери се прилично осетлива тема затоа што нивното детство и животот наместо со играње со други деца и во паркови се обележани со константна изложеност на камери и на јавноста. Амбициите на нивните родители се фокусирани на кликови и лајкови на YouTube и на социјалните мрежи и желба за вирална слава и заработка.

Едно од децата на кое детството му е обележано со живот пред камери е Рајан Кајл, деветгодишно дете од Тексас кое на YouTube се прослави со отворање и рецензирање играчки. Неговиот канал Ryan’s World има неверојатни над 43 милијарди прегледи, а благодарение на таквата популарност тој со години заработува милиони долари. Според последните информации за заработката на YouTube, тој последната година заработи речиси 30 милијарди долари и е најплатениот јутјубер во светот.

- Advertisement -

Ако мислите дека тоа се многу пари за едно деветгодишно дете, заработката од YouTube е само еден дел од неговата вкупна годишна заработка. Имено, родителите од ова момче направија вистинска сензација и бренд, па од Ryan’s world играчките и облеката заработува дополнителни 200 милиони долари. Но, ни тоа не е се затоа што има потпишано и договор со Nickelodeon за сопствена ТВ емисија за која не е позната сумата, но станува збор за милионски договор.

Но, ова момче, односно неговото семејство сега се соочува со истрага од американската Федерална комисија за трговија поради спонзорирани содржини во видеата кои ги објавуваат, а кои не се правилно комуницирани, односно никаде јасно не се наведува дека се спонзори за рецензија. Исто така, во речиси 9% од видеата се препорачуваат производи за кои платиле спонзорите, а се наменети за деца во градинка, односно категорија која е премала за да разберат која е разликата меѓу реклама и рецензија, при што често се промовира нездрава храна, обивнуваат од организацијата „Truth In Advertising”.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -