Една петтина од вработените во Facebook работат на развој на следната голема компјутерска платформа

- Advertisement -

Денес не можеме да го замислиме животот без паметни телефони, а за многумина неизбежен дел од денот се и таблетите и паметните часовници. Ако се прашувате кој би можел да биде следниот гаџет од кој ќе станеме зависни и кој ќе стане задолжителен дел од технолошкиот арсенал како телефоните, часовниците и табелтите, одговорот би можеле да го добиете ако ги погледнете плановите на големите компании како Apple и Facebook. Apple има големи планови кои се однесуваат на големи инвестиции во виртуелна и проширена реалност, кациги и очила, односно контактни леќи со проширена реалност.

Дека виртуелната и проширената реалност се голем дел од плановите на Facebook знаеме уште откако во 2014 година компанијата го купи тогаш стартапот Oculus VR. Оттогаш досега претставија неколку модели на очила за виртуелна реалност, вклучувајќи го и моделот Quest 2, кој нема потреба да се поврзува со надворешен хардвер, а за кој постои многу поголем интерес. Зголемениот интерес покажува дека полека корисниците почнуваат да ја прифаќаат виртуелната реалност, иако многу побавно отколку што се надеваа од Facebook која го купија Oculus.

- Advertisement -

Какви се амбициите на Facebook во врска со виртуелната реалност најдобро зборува податокот за бројот на вработени луѓе во одделот Reality Labs, каде што се развиваат проекти врзани за VR и AR. Имено, таму се вработени околу 10.000 луѓе, што е речиси една петтина од сите вработени во компанијата. Значи иако во главниот фокус на Facebook сега е социјалната мрежа и огласувањето, голем дел од вработените е посветен на развојот на виртуелна и проширена реалност кои во иднина треба да бидат и голем извор на заработка за компанијата.

Во неодамнешен разговор за The Information, Цукерберг изјави дека виртуелната и проширената реалност ќе бидат идната голема компјутерска платформа и сакаат да ги развијат за да бидат насочени кон луѓето и нивното меѓусебно поврзување.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -