Вселенската компанија на Маск најголем дел од своите операции врзани за вселенскиот брод Starship ги сели во Тексас. Имено, SpaceX доби дозвола од американската војска да ги прошири своите погони во мочуришно подрачје во Тексас, покрај границата со Мексико, каде што ќе има две лансирни платформи за орбитални лансирања, две подорбитални платформи, две платформи за атерирање, два полигони за структурални тестови за Starship и Superheavy и други инфраструктурни објекти.
Покрај тоа, Маск купи и две плoвечки нафтени платформи кои сега се викаат Deimos и Phobos, што значи дека сите операции врзани за проектот Starship ќе се преселат во јужен Тексас, а ѕвездениот град Starbase ќе стане место од каде што во иднина луѓето ќе летаат за Марс и подалеку.
Треба да потсетиме и дека SpaceX и НАСА потпишаа договор за користење на вселенскиот центар Кенеди на Флорида во период од 20 години, па оттаму ќе се врши лансирање на леталото Dragon за превоз на товар и екипаж до Меѓународната вселенска станица, а јужен Тексас ќе биде целосно посветен на Starship и на плановите за освојување на Марс.
(Vidi.hr)
(фото: Flickr)