Google најави нови опции во својот пребарувач и мапите

- Advertisement -

Google најави некои нови опции кои ќе го подбрат пребарувањето на нивниот пребарувач и кои ќе овозможат уште подобра навигација на нивните мапи. Со тие новитети сакаат корисниците што подолго време да ги задржат на својот пребарувач и мапите затоа што што повеќе време поминуваат на нивните страници користејќи ги нивните сервиси, Google повеќе ќе заработи од огласи.

Исто така, како што покажаа последните истражувања, се повеќе млади информациите кои им требаат не ги бараат на Google, туку на TikTok и на Instagram, па Google сака да ги направи резултатите од истражувањето поатрактивни, а во некои случаи да додаде видеа и слично.

- Advertisement -

При прeбарување градови на Google на корисниците во иднина ќе прикажат дополнителни резултати како историја на тие градови, плажи, културни содржини и слично. Исто така, може да се прегледаат и визуелни приказни и видеа од луѓе кои ги посетиле тие градови, а ќе им се прикажат и различни совети за местата кои би требало да ги посетат и интересни работи кои може да се прават во тие градови.

Уште еден интересен новитет се однесува на опцијата vibre за градови, односно квартови во градовите. Таа ќе овозможи корисниците поблиску да ги запознаат деловите од градовите, рестораните и кафулињата, за подобро да стекнат впечаток дали тој дел од градот е уметнички или доминираат ресторани. Со таа опција ќе можат да дознаат и некои други информации кои може да им бидат битни, а се базирани на бројни податоци кои Google ги собирал со години, па така корисниците може да дознаат каква гужва може да се очекува во тој ресторан во одредено време, а ќе видат и податоци за временски услови и сл.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -