Amazon ќе ги испрати првите сателити за интернет во вселената

- Advertisement -

Компанијата Amazon планира да покрие најголем дел од планетата Земја со пристап до интернет, а сега е еден чекор поблиску до таа цел. Имено, Amazon потпиша договор со компанијата United Launch Alliance и обезбеди девет Atlas V ракети за лансирање на сателити за интернет.

Целта на Amazon е во ниската орбита на Земјата да испрати 3.200 сателити кои ќе ја сочинуваат констелацијата Project Kuiper. Amazon игра на сигурно со ракетите Atlas V затоа што оваа ракета се користи речиси две децении, а од 2007 година има 100% успешност. Оваа ракета ка користеше и американската вселенска агенција НАСА за мисиите Perseverance и OSIRIS-REx.

- Advertisement -

Лансирањето на констелација со оваа големина повеќе не е мала задаача. Ќе ни бидат потребни повеќе ракети и парнери за да го следиме распоредот на сателитите. Поради тоа, секој сателит е компатибилен со неколку ракети.

Amazon доби дозвола половина од сателитите да лансира до 2026 година, а целата констелација треба да е готова до 30 јули 2029 година.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -