Доаѓа Црн петок – внимавајте на овие финти на интернет

- Advertisement -

Како што се приближува Црн петок, Kaspersky објави нов извештај кој ги открива најновите сајбер закани поврзани со купувањето онлајн. Годинава се регистрирани над 13 милиони фишинг напади на е-продавници, при што измамниците ги имитираат популарните интернет продавници, луксузните брендови и продавнциите за гаџети, соопштија од Kaspersky.

Според експертите од оваа компанија, измамите и фишингот се омилени тактики на измамниците, кои бараат профит. Во првите десет месеци од 2023 година Kaspersky идентификувал 30.803.840 фишинг напади фокусирани на онлајн купување, платежни системи и банки. Платформите за е-трговија се користени како мамка во 43,5% од случаите.

- Advertisement -

Од октомври наваму забележан е трикратен пораст на домените кои ги користат зборовите „црн петок“ – од непостоечки продавници до убедливи реплики на реачни онлајн платформи. Kaspersky од почетокот на есента постојано разоткрива голем број лажни продавници кои нудат облека, уреди и гаџети. Најраспространети се шемите со фиктивни продавници, каде што луѓето плаќаат производи кои никогаш нема да ги добијат.

Експертите од Kaspersky откриле и дека измамниците во 240.000 фишинг напади злоупотребиле огромни платформи како eBay, Walmart, Alibaba и локални платформи како Mercado Libre.

- Advertisement -

Измамниците таргетираат и љубители на технологија и нудат копии на Apple проиводи и услуги во периодот околу Црн петок. Производите на Kaspersky имаат откриено околу 2,8 милиони такви фишинг напади од јануари до октомври 2023 година. Играчите честопати се наоѓаат во замка на конзоли каде што наводно нешто купуваат, а на крајот остануваат без пари.

За да уживате во најдоброто искуство за време на Црниот петок, задолжително следете ги следните препораки за безбедност:

- Advertisement -

– Не му верувајте на ниеден линк или прилог кога ќе добиете некој имејл. Двапати проверете го испраќачот пред да отворите некој имејл;

–Двапати проверете ја адресата на е-продавниците пред да внесете каква било информација. Дали URL е точен? Има ли правописни грешки или пропусти во дизајнот?

– Заштитете ги сите уреди кои ги користите за купување онлајн со соодветно безбедносно решение;

– Ако сакате да купите нешто од непозната компанија, проверете ги рецензиите пред да донесете каква било одлука;

– Некогаш дури и ако сте ги презеле максималните мерки на безбедност, веројатно нема да забележите дека нешто не е во ред дури не го видите изводот од банка. Ако и понатаму добивате хартиени изводи, немојте да чекате да стигнат во поштенското сандаче. Пријавете се за услугите на е-банкарството за да видите дали се изгледа легитимно. Ако нешто ви е сомнително, веднаш контактирајте ја банката или компанијата за картично работење за да ј решите ситуацијата .

(N1)

Сподели!
- Advertisement -