Рускиот претседател Путин најави руска вакцина против рак

- Advertisement -

Русија е се поблиску до создавање вакцина против рак, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека може да се смета на рана примена на нивната вакцина во индивидуална терапија.

„Се приближивме до создавање на т.н. онковакцина или вакцина против рак и нови генерации имуномодулаторни лекови. Очекувам дека наскоро тие ќе бидат ефикасно користени како методи за индивидуакна терапија“ вели Путин.

- Advertisement -

Засега Путин не прецизираше за кои типови на рак ќе бидат наменети вакцините.

Тој додаде дека новите откритија во областа на медицината треба да бидат достапни за луѓето и широко применети во примарната здравствена заштита.

- Advertisement -

„Новите откритија во областа на медицината, методите на превенција, лекување, новите лекови и опремата сами по себе не значат многу. Тие се осмислени за да го сочуваат здравјето на нашите граѓани и нашироко да се користат во примарната заштита“ вели Путин..

Путин најави и зголемување на инвестициите во иновации во медицината и фармакологијата.

- Advertisement -

(B92)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -