Отпушоците претставуваат огромен ризик за светските океани и тешко се собираат со раце, особено на јавни места како плажите. Затоа, група италијански научници направија робот со четири нозе, кој може да најде отпад и да го вшмукува со помош на цевки за вшмукување прикачени на неговите нозе.
Станува збор за роботот наречен VERO, кој првенствено е фокусиран на решавање на проблемот со отпушоците. Отфрлените отпушоци од цигари испуштаат токсични хемикалии и микропластика во океанот додека се распаѓаат, а исто така тие се втор најчест неправилно фрлен отпад во светот на терени тешко достапни за роботите со тркала.
VERO е дизајниран да го собира овој вообичаен тип на ситен отпад. Операторот го одредува теренот на кој ќе работи, а потоа роботот почнува да се движи по целата должина додека не открие отпад користејќи ја својата специјална невронска мрежа и камери. Роботот со четири нозе има невронска мрежа за откривање отпад која може да го таргетира отпадот, а потоа да го исчисти со правосмукалка со една од четирите цевки за вшмукување монтирани на неговите нозе.
Чистењето на плажата е предизвик бидејќи песокот го отежнува носењето канти за тркала или тешки контејнери на овој терен. Истражувачите направиле тестови во шест различни сценарија на отворено за да ја докажат способноста на роботот да се движи по тежок терен. Благодарение на камерата Intel RealSense, роботот може да се стабилизира додека собира отпад.
Навистина, роботот не го подигнал секое парче отпад на првиот тест, но сепак со правосмукалката собрал 90% од одпушоците од цигари пронајдени за време на тестирањето. Тоа е 90% помалку отпад што ќе заврши во морето.
Сепак, во моментот нема планови за масовно распоредување на VERO роботи, но истражувачите велат дека VERO може да се програмира и е дизајниран да врши други задачи, како што се прскање на земјоделски култури, барање слабости во инфраструктурата и помагање во градежни проекти.
(Klix.ba)
(фото: YouTube)