Јубилеј 10 години производи на база на медицински канабис во Реплек – деценија визија, иновации и храброст да се поместуваат границите

- Advertisement -

По повод јубилејот – 10 години производство на производи на база на медицински канабис, Реплек одбележува една деценија посветена на иновации, високи фармацевтски стандарди и континуирани инвестиции. Компанијата, која беше меѓу пионерите во оваа област во Македонија, денес го заокружува десетгодишниот развоен циклус со современи технологии, проширени производствени капацитети и фокус на квалитетот и едукацијата. За досегашниот пат, технолошкиот напредок, инвестициите и визијата за иднината на медицинскиот канабис разговараме со Марјан Велковски, директор на Оператива и член на Управниот одбор на Реплек.

Новинар – Верица Јорданова

Реплек пред десет години беше меѓу пионерите во производството на медицински канабис во Македонија. Што беше најголемиот мотив при воведувањето на оваа нова производствена програма и што значеше тоа од аспект на технологијата и знаењето?

- Advertisement -

Ми претставува особена гордост што сум дел од приказната на Реплек, компанија која веќе десет години успешно го развива производството на производи од медицински канабис. Станува збор за област која во своите почетоци беше проследена со бројни дилеми, стереотипи и предрасуди, но токму затоа бараше уште поголема професионалност, одговорност и посветеност.

За Реплек тоа значеше воспоставување на сосема нов производствен сегмент, а најзначајно  беше воведувањето нова технологија, како и воспоставувањето комплетен систем кој ќе ги исполни највисоките фармацевтски стандарди, од современа опрема и прецизно дефинирани производствени процеси, до контрола на квалитетот и развој на специјализирана експертиза.

- Advertisement -

Уште од самиот почеток, нашиот врвен приоритет беше квалитетот. Во текот на овие десет години технологијата континуирано се развиваше, но принципите останаа исти, односно сигурност, стандардизација и целосна следливост на секој чекор од производството. Само на тој начин може да се обезбеди конзистентен фармацевтски квалитет и да се изгради долгорочна доверба.

Технологија во функција на прецизноста и квалитетот

- Advertisement -

Производството на производи од медицински канабис бара исклучително високи стандарди за квалитет и контрола. Кои технолошки процеси и иновации денес се клучни за да се обезбеди безбедност, конзистентност и квалитет на производите?

Повеќедецениското фармацевтско искуство на Реплек, надополнето со визионерски пристап и континуирана посветеност на иновациите, претставува основа за квалитетот и сигурноста на нашите производи. Како компанија која постојано ги следи и применува најсовремените технологии, во производството користиме современ процес на суперкритична CO₂ екстракција, кој овозможува висока селективност, репродуктивност и стабилност на екстрактите. Ова е од клучно значење за стандардизацијата на канабиноидниот профил и за обезбедување конзистентен квалитет во секоја серија.

Во Реплек користиме два индустриски системи од францускиот производител EXTRATEX (SFI), со висок производствен капацитет. Системите се дизајнирани за индустриска сигурност и висока ефикасност и овозможуваат брзо и безбедно ракување, оптимизација на процесните услови и висок принос на сурови екстракти.

Од фармацевтски аспект, производите од канабис бараат исклучително прецизна стандардизација. За да се постигне посакуваната финална концентрација во дозирана форма, неопходни се високоспецијализирани технолошки процеси и аналитичка контрола на канабиноидниот профил. Целта е секоја серија да биде конзистентна, предвидлива и безбедна.

Секој чекор почнувајќи од изборот и приемот на суровините, преку производствениот процес, до финалниот производ е прецизно документиран, контролиран и следлив. Посебно значајни се магистралните препарати со CBD и THC, кои според регулативата се третираат како лекови и се пропишуваат под строго дефинирани услови. Кај нив специфичниот формулациски пристап и дозирање се од суштинско значење, бидејќи терапијата се определува според конкретната здравствена состојба и препораката на лекар.

Процесот, опишан на овој начин, можеби звучи сложено, но тоа е затоа што навистина е таков. Производството на производи од медицински канабис не е едноставен процес и зад секој производ стои тим од високо обучени професионалци, фармацевти, инженери, аналитичари и други стручни лица. Особено сум горд на моите колеги и колешки од Реплек, кои со своето знаење, искуство и посветеност секојдневно придонесуваат секој производ да ги исполни највисоките стандарди за квалитет и безбедност.

Тука морам да истакнам дека нашиот иновативен пристап не се гледа само во примената на современа технологија и највисоки фармацевтски стандарди на производство, туку и во начинот на кој го развиваме целокупното портфолио – водени од реалните потреби на корисниците и современите трендови во персонализираниот пристап кон здравјето и добросостојбата.

Токму затоа, Каноил линијата ја структуриравме во три јасно дефинирани производи со различни концентрации на CBD – REBALANCE 10% CBD, RELAX 20% CBD и RELIEVE 30% CBD – овозможувајќи им на корисниците полесно да изберат производ кој најдобро одговара на нивните индивидуални потреби, животен стил и очекуван интензитет на поддршка.

Со Каноил не нудиме само три производи со различни концентрации на CBD, туку воспоставивме нов начин на размислување во оваа категорија – пристап во кој изборот на производ се темели на индивидуалните потреби на корисникот. Веруваме дека иднината на CBD производите е во персонализацијата, научната поткрепеност и бескомпромисниот фармацевтски квалитет, а токму тие принципи се вградени во секој производ од Каноил линијата.

Можам да заклучам дека нашата заедничка цел е една, а тоа е да ја оправдаме довербата што пациентите, здравствените професионалци и потрошувачите ни ја укажуваат.

Континуираното инвестирање е предуслов за развој на една ваква производствена програма. Кои инвестиции и развојни чекори беа најзначајни за Реплек во изминатите десет години?

Во изминатите десет години производството на производи од медицински канабис во Реплек се развиваше паралелно со континуирани инвестиции во производствени капацитети, технологија и развој на производите. Секоја инвестиција имаше јасна цел, а тоа е да создадеме подобри услови за производство, да ја зголемиме ефикасноста на процесите и дополнително да ги зацврстиме високите стандарди за квалитет.

Еден од најзначајните чекори беше отворањето на новиот производствен погон во април 2022 година. Станува збор за инвестиција вредна 3 милиони евра, реализирана на површина од околу 600 квадратни метри. Со оваа инвестиција ги зголемивме капацитетите за производство на полуцврсти дозирани форми и обезбедивме раст од околу 30 проценти кај течните дозирани форми. Тоа беше важен чекор во модернизацијата на производството и во создавањето услови за негов понатамошен раст.

Паралелно со развојот на производствените капацитети, работевме и на развојот на портфолиото и на унапредување на комуникацијата со пациентите и здравствените професионалци. Кон крајот на 2025 година ги ребрендиравме линиите Каноил и Канабо, со акцент на едукација, веродостојни информации и современо позиционирање на портфолиото.

Во ноември 2025 година направивме уште еден пионерски и иновативен чекор со отворањето на КА Информативниот центар за производите на база на медицински канабис на Реплек – прв центар од ваков тип не само во Македонија, туку и во регионот. Со овој уникатен концепт поставивме нови стандарди во едукацијата и информирањето на јавноста, создавајќи простор каде посетителите можат да добијат стручни и проверени информации за производите на база на медицински канабис и нивната правилна употреба. Истовремено, преку центарот активно придонесуваме кон рушење на долгогодишните предрасуди и стереотипи поврзани со медицинскиот канабис, поттикнувајќи отворен дијалог, поголема информираност и подобро разбирање на неговата улога во современите пристапи кон добросостојбата и квалитетот на живот.

По десет години континуиран развој, можам да кажам дека успехот не се темели на една инвестиција, туку на континуитет и постојано вложување во производството, знаењето и квалитетот. Токму тоа ни овозможува денес да имаме стабилно производство, производи со висок квалитет и добра основа за понатамошен развој и настап на нови пазари.

Како ја гледате иднината на медицинскиот канабис и кои се следните иновации што ќе го обликуваат развојот на оваа индустрија, но и позицијата на Реплек во неа?

Оваа производствена област нуди значаен потенцијал за понатамошен раст и развој. Станува збор за динамичен сегмент во кој континуирано се унапредуваат технологијата, производствените процеси, аналитичките методи и пристапот кон развојот на производите.

Верувам дека иднината на индустријата за производи од медицински канабис ќе биде обележана со иновации, поголема научна потврденост и високи стандарди за квалитет. Со зголемувањето на бројот на клинички истражувања и постепеното усогласување на регулативите, се очекува медицинскиот канабис да добие сѐ позначајно место во современата терапија. Компаниите што ќе инвестираат во истражување и развој, иновативни производи и фармацевтски стандарди ќе бидат двигатели на развојот на оваа индустрија. Ние планираме да продолжиме да бидеме дел од оваа приказна.

За Реплек тоа значи продолжување на вложувањата во знаење, експертиза и современа технологија. Нашата цел е да ги следиме развојните насоки на индустријата, да го унапредуваме постојното портфолио и да создаваме услови за развој на нови производи, со јасен фокус на квалитетот, безбедноста и потребите на корисниците.

Подеднакво значаен е и процесот на зголемување на информираноста. Производите на база на медицински канабис и понатаму се тема околу која постојат бројни дилеми, па затоа е важно јавноста да има пристап до точни, стручни и проверени информации.

Во таа насока, КА Информативниот центар има важна улога. Неговата цел е да ги приближи производите и нивната правилна употреба до корисниците, но и да придонесе кон поголема информираност и одговорен пристап. Истовремено, ги следиме искуствата од пазарите на кои медицинскиот канабис е поразвиена индустрија и ги применуваме релевантните сознанија во нашиот понатамошен развој.

- Advertisement -